Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Тројца млади македонски спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри во Дакар
    Спорт

    Тројца млади македонски спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри во Дакар

    01/11/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонската делегација отпатува за Дакар, Сенегал, каде до 13 ноември 2026 година ќе се одржуваат Младинските олимписки игри. На овој значаен меѓународен спортски настан Македонија ќе настапи со тројца млади спортисти кои во изминатиот период минаа низ сериозни подготовки и квалификациски циклуси.

    Делегацијата ја предводи шефицата Елена Зисовска Апостолска, а македонските бои во Дакар ќе ги бранат:

    Марио Брезовски во триатлон, во дисциплината спринт триатлон;

    Ева Митевска во атлетика, на 100 метри;

    Петар Цеков во пливање, на 400 и 800 метри.

    За младите спортисти ова ќе биде прво олимписко искуство и важен чекор во нивниот понатамошен развој. Зад настапот во Сенегал стојат години посветена работа, секојдневни тренинзи и голема дисциплина, а учеството на Игрите претставува можност за стекнување драгоцено меѓународно искуство.

    Младинските олимписки игри во Дакар имаат историско значење бидејќи за првпат во историјата еден олимписки настан се одржува на африканскиот континент.

    На овогодишното издание се очекува учество на околу 2.700 млади спортисти од повеќе од 200 национални олимписки комитети од целиот свет.

    Поврзани вести:

    (Видео) Жешка атмосфера пред дербито: „Комити“ со огномет пред хотелот каде се сместени ракометарите на Пелистер

    (Видео) Жешка атмосфера пред дербито: „Комити“ со огномет пред хотелот каде се сместени ракометарите на Пелистер

    Струмица го шокира шампионот: МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз во Суперлигата

    Струмица го шокира шампионот: МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз во Суперлигата

    Ненад Димитријевиќ со 12 поени и шест скока во победата на Арис во Еврокупот

    Ненад Димитријевиќ со 12 поени и шест скока во победата на Арис во Еврокупот

    Луис Хамилтон: Погрешните поставки ни ја уништија трката

    Луис Хамилтон: Погрешните поставки ни ја уништија трката

    Керик разговарал со Фернандеш во обид да ја спаси кризата во Манчестер Јунајтед

    Керик разговарал со Фернандеш во обид да ја спаси кризата во Манчестер Јунајтед

    Тиквеш го шокира Вардар и обезбеди четвртфинале во Купот на Македонија

    Тиквеш го шокира Вардар и обезбеди четвртфинале во Купот на Македонија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Жешка атмосфера пред дербито: „Комити“ со огномет пред хотелот каде се сместени ракометарите на Пелистер

    01/11/2026

    Струмица го шокира шампионот: МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз во Суперлигата

    29/10/2026

    Ненад Димитријевиќ со 12 поени и шест скока во победата на Арис во Еврокупот

    28/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.