Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ по стечајот на Алта банка бара истрага и одговорност од надлежните
    Политика

    СДСМ по стечајот на Алта банка бара истрага и одговорност од надлежните

    31/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Откако Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка и објави дека банката влегува во стечај, од опозицискиот СДСМ побараа истрага за работењето на банката и за нејзината поврзаност со институции и компании од Македонија.

    Од партијата тврдат дека со одлуката биле блокирани сметките на граѓани и компании, а посочуваат дека и дел од државните компании имале депозити во банката.

    „Сите што работеа со државата имаа налог да работат со Алта“, наведуваат од СДСМ, според кои со месеци наназад укажувале на, како што велат, сомнежи поврзани со банката.

    Од опозициската партија обвинија дека институциите не реагирале навреме и побараа Обвинителството да преземе активности и да ги испита сите околности поврзани со случајот.

    „Со месеци бараме истрага, реакција од Обвинителство, Народна банка и Финансиска полиција. Молчеа и не преземаа ништо“, се наведува во соопштението на СДСМ.

    Од партијата побараа утврдување на евентуална одговорност кај сите лица и институции кои биле вклучени во процесите поврзани со Алта банка, тврдејќи дека мора да се утврди дали е предизвикана штета за граѓаните и државата.

    Обвинувањата на СДСМ доаѓаат по одлуката на Народната банка на Србија за отворање стечајна постапка над Алта банка, по што ќе следуваат понатамошни чекори во рамки на законската процедура.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Општина Крива Паланка се соочува со долгови и неисполнети ветувања

    ВМРО-ДПМНЕ: Општина Крива Паланка се соочува со долгови и неисполнети ветувања

    Во Брвеница денеска гласаат болните и изнемоштените, утре втор круг за градоначалник

    Во Брвеница денеска гласаат болните и изнемоштените, утре втор круг за градоначалник

    Брвеница избира градоначалник: Граѓаните бараат решенија, а не етнички поделби

    Брвеница избира градоначалник: Граѓаните бараат решенија, а не етнички поделби

    Почнува расправата за вториот ребаланс на Буџетот, поднесени 124 амандмани

    Почнува расправата за вториот ребаланс на Буџетот, поднесени 124 амандмани

    Делегација на Левица во Москва се сретна со Генадиј Зјуганов, лидерот на КПРФ

    Делегација на Левица во Москва се сретна со Генадиј Зјуганов, лидерот на КПРФ

    Манасиевски: Филипче и СДСМ живеат во илузорна вистина за Вучиќ и Србија

    Манасиевски: Филипче и СДСМ живеат во илузорна вистина за Вучиќ и Србија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Општина Крива Паланка се соочува со долгови и неисполнети ветувања

    31/10/2026

    Во Брвеница денеска гласаат болните и изнемоштените, утре втор круг за градоначалник

    31/10/2026

    Брвеница избира градоначалник: Граѓаните бараат решенија, а не етнички поделби

    30/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.