Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Лажна дојава за бомби ги евакуираше објектите на РТС, програмата беше привремено прекината
    Свет

    Лажна дојава за бомби ги евакуираше објектите на РТС, програмата беше привремено прекината

    29/10/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Лажни дојави за поставени експлозивни направи вечерва предизвикаа евакуација на објектите на Радио-телевизија Србија (РТС), поради што беше одложено и емитувањето на второто издание на Дневникот.

    Според информациите на РТС, дојавата била примена во контакт-центарот во 18:42 часот, по што веднаш биле активирани безбедносните протоколи и вработените ги напуштиле зградите.

    Противдиверзантските екипи на српското Министерство за внатрешни работи извршиле проверки во објектите на РТС во улиците „Таковска“ и „Абердарева“, во Радио Белград, како и во комплексот на Кошутњак.

    Поради безбедносните проверки, вториот Дневник на јавниот сервис започнал со речиси половина час задоцнување.

    По завршувањето на увидот било утврдено дека станува збор за лажни дојави, по што вработените се вратиле на работните места, а програмата продолжила со редовно емитување.

    Инцидентот се случува само еден ден по промените во раководството на јавниот сервис. По оставката на досегашната генерална директорка Мања Грчиќ, Управниот одбор на електронска седница го назначи Дејан Јовановиќ за вршител на должноста директор на РТС, додека Боривоје Ускоковиќ беше избран за главен и одговорен уредник на Информативната програма.

    Поврзани вести:

    Нов напад на аеродромот во Аден, расте загриженоста за безбедноста на Блискиот Исток

    Нов напад на аеродромот во Аден, расте загриженоста за безбедноста на Блискиот Исток

    Шпанија во тридневна жалост по железничката трагедија со 69 загинати

    Шпанија во тридневна жалост по железничката трагедија со 69 загинати

    Почнува самитот ЕУ – Канада, во фокусот ново стратешко партнерство

    Почнува самитот ЕУ – Канада, во фокусот ново стратешко партнерство

    Масовен напад со дронови кон Москва, погодена и образовна установа во Харков

    Масовен напад со дронови кон Москва, погодена и образовна установа во Харков

    Протести и судири со полицијата по трагедијата со брзите возови во Шпанија

    Протести и судири со полицијата по трагедијата со брзите возови во Шпанија

    Брнабиќ тврди дека се подготвува „хајка за апсење“ на Вучиќ

    Брнабиќ тврди дека се подготвува „хајка за апсење“ на Вучиќ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нов напад на аеродромот во Аден, расте загриженоста за безбедноста на Блискиот Исток

    29/10/2026

    Шпанија во тридневна жалост по железничката трагедија со 69 загинати

    29/10/2026

    Почнува самитот ЕУ – Канада, во фокусот ново стратешко партнерство

    29/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.