Шпанија тагува по една од најтешките железнички несреќи во последните години, во која животот го загубија 69 лица, а десетици други се повредени. Властите прогласија тридневна жалост, додека спасувачките екипи и натаму ги пребаруваат оштетените вагони во потрага по исчезнати патници.
Трагедијата се случи во близина на Урда, во регионот Кастиља-Ла Манча, кога брз воз на државниот оператор „Ренфе“ се судрил со друг воз кој бил запрен на железничката пруга.
Првичните информации укажуваат на можен сериозен пропуст во управувањето со железничкиот сообраќај. Според министерот за транспорт, по дефект на системот за автоматска контрола било дозволено продолжување на движењето на возовите, иако еден од нив останал запрен на шините.
Шпанскиот премиер Педро Санчез најави темелна истрага за несреќата и порача дека ќе биде утврдена одговорност доколку се потврдат пропусти или небрежност.
Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста. Во Мадрид се одржаа протести на кои граѓаните побараа оставки и одговорност од надлежните институции, додека машиновозачите започнаа штрајк барајќи итни мерки за подобрување на безбедноста на железничкиот сообраќај.
Несреќата повторно ја отвори дебатата за состојбата со безбедноста на шпанската железничка мрежа, особено по уште една сериозна железничка трагедија што ја погоди земјата претходно оваа година.
