Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, приватна болница и вработени во Фондот се опфатени со полициска постапка поради сомнежи за злоупотреби со здравствени средства.
Според објавените наводи, со спорните постапувања на државниот буџет му била нанесена штета од околу 1,5 милиони евра.
Полицијата утрово врши претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Куманово, а меѓу осомничените се поранешни и сегашни раководни лица од здравствениот сектор.
Според неофицијалните информации, приватната болница стекнала противправна корист од околу четири милиони евра, а оштетени биле и пациенти кои се лекувале во неа.
Од МВР се очекуваат дополнителни информации за полициската акција и за натамошната постапка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
