Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Електронскиот паричник стартува од четврток, личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни на мобилен
    Република

    Електронскиот паричник стартува од четврток, личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни на мобилен

    26/10/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од четврток официјално започнува примената на електронскиот паричник, со што граѓаните ќе можат личната карта и возачката дозвола да ги користат директно преку својот мобилен телефон.

    Апликацијата ќе биде официјално промовирана во среда, на 28 октомври, а министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека станува збор за безбедно решение кое овозможува подобра заштита на личните податоци.

    Според него, корисниците повеќе нема да мора да ги откриваат сите информации од своите документи при легитимирање. Наместо тоа, ќе можат сами да изберат кои податоци сакаат да ги споделат, а размената ќе се врши преку QR-код за еднократна употреба.

    „Кодот се скенира, а другото лице ги добива податоците само доколку вие го дозволите тоа. По 10 до 15 секунди, QR-кодот истекува и не може повторно да се употреби“, појасни Андоновски.

    Тој нагласи дека електронскиот паричник е првиот чекор кон воведување на европскиот дигитален паричник, кој во иднина треба да овозможи целосна дигитализација на личните документи и постепено додавање нови услуги за граѓаните.

    Андоновски овие информации ги соопшти пред почетокот на панел-дискусијата „Предуслови и предизвици за забрзана дигитализација на приватниот сектор“, што се одржа во просториите на ИНОФЕИТ ЕДИХ во Скопје.

    Поврзани вести:

    Вкупно 352 бугарски државјани во Македонија гласале на претседателските избори во Бугарија

    Вкупно 352 бугарски државјани во Македонија гласале на претседателските избори во Бугарија

    АХВ заплени над 400 килограми замрзнати месни производи во Василево

    АХВ заплени над 400 килограми замрзнати месни производи во Василево

    Сиљановска-Давкова ѝ честиташе на Србија: Граѓаните покажаа демократска зрелост

    Сиљановска-Давкова ѝ честиташе на Србија: Граѓаните покажаа демократска зрелост

    Млад делчевец пронашол 114.000 денари и 2.000 евра, па ги предал во полиција

    Млад делчевец пронашол 114.000 денари и 2.000 евра, па ги предал во полиција

    Денес променливо облачно со дожд и засилен северен ветер

    Денес променливо облачно со дожд и засилен северен ветер

    Гореа импровизиран објект и контролна табла за кран во Скопје

    Гореа импровизиран објект и контролна табла за кран во Скопје

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Вкупно 352 бугарски државјани во Македонија гласале на претседателските избори во Бугарија

    26/10/2026

    АХВ заплени над 400 килограми замрзнати месни производи во Василево

    26/10/2026

    Сиљановска-Давкова ѝ честиташе на Србија: Граѓаните покажаа демократска зрелост

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.