Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Студентската листа убедливо победи: Завршува 14-годишното владеење на СНС, Србија добива ново парламентарно мнозинство
    Свет

    Студентската листа убедливо победи: Завршува 14-годишното владеење на СНС, Србија добива ново парламентарно мнозинство

    26/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ освои убедлива победа на предвремените парламентарни избори во Србија и, според конечните проекции на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) и агенцијата Ипсос, ќе формира стабилно парламентарно мнозинство, ставајќи крај на 14-годишното владеење на Српската напредна партија (СНС).

    Според обработени 96 проценти од примерокот, студентската листа освоила 52,9 проценти од гласовите, што се претвора во 140 пратенички мандати во 250-членото Народно собрание. Листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ освоила 38,8 проценти од гласовите, односно 103 мандати.

    Под изборниот праг остана листата „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилност“ со 2,2 проценти од гласовите, додека останатите политички опции освоија помалку од еден процент. Во новиот парламентарен состав ќе бидат застапени и неколку малцински листи – Сојузот на војводинските Унгарци (СВМ) со три мандати, Албанската коалиција со два, како и СДА Санџак – Чувари на Санџак и листата на Расим Љајиќ со по еден пратеник.

    Со овие резултати, Александар Вучиќ го претрпе најголемиот политички пораз откако е на власт, губејќи од движење кое пред само две години не постоеше. Студентската листа произлезе од масовните протести што започнаа по трагедијата во Нови Сад, кога при уривањето на настрешницата на железничката станица загинаа 16 лица.

    За разлика од традиционалните партии, студентското движење нема еден доминантен лидер. На изборната листа се најдоа лекари, универзитетски професори, економисти, правници, спортисти, актери и граѓански активисти, од кои повеќето досега немале високи државни функции. Меѓу попознатите кандидати се кошаркарската легенда Дејан Бодирога, поранешниот гувернер Дејан Шошкиќ, актерот Тихомир Станиќ и социологот Јово Бакиќ.

    Носител на листата е новосадскиот кардиолог и професор на Медицинскиот факултет, Илија Срдановиќ, но тоа не значи дека тој автоматски ќе биде нов премиер. Од движењето сè уште не соопштиле кој ќе биде мандатар за состав на новата влада.

    Студентската листа формално беше основана во септември од група универзитетски професори и јавни личности, а за учество на изборите обезбеди повеќе од 70.000 потписи. Нејзината програма е заснована на три главни столба – борба против корупцијата, зајакнување на независноста на институциите и реформи во образованието и социјалната политика.

    Меѓу клучните ветувања се формирање посебна полициска служба во рамките на обвинителството, проверка на потеклото на имотот на функционерите, лустрација за носителите на јавни функции кои го прекршиле законот, како и бесплатни учебници, поевтини лекови и поголеми инвестиции во образованието. Реализацијата на овие мерки ќе зависи од формирањето на новата влада и од парламентарните процедури.

    Поврзани вести:

    Лула испиша историја: Освои четврти претседателски мандат во Бразил

    Лула испиша историја: Освои четврти претседателски мандат во Бразил

    Ова е победа на нашите деца: Емотивна реакција на мајката на загинатиот Стефан Хрка

    Ова е победа на нашите деца: Емотивна реакција на мајката на загинатиот Стефан Хрка

    Нема да се делиме на победници и поразени, порачаа со песна и солзи радосници студентите

    Нема да се делиме на победници и поразени, порачаа со песна и солзи радосници студентите

    Вучиќ призна пораз: Студентската листа освои мнозинство во Србија

    Вучиќ призна пораз: Студентската листа освои мнозинство во Србија

    (Видео) Тензии во Белград: Групи лица со качулки се собираат во Пионирскиот парк

    (Видео) Тензии во Белград: Групи лица со качулки се собираат во Пионирскиот парк

    Србија во исчекување на изборниот исход, Белград под засилено полициско обезбедување

    Србија во исчекување на изборниот исход, Белград под засилено полициско обезбедување

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вучиќ снс србија студенти
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Лула испиша историја: Освои четврти претседателски мандат во Бразил

    26/10/2026

    Ова е победа на нашите деца: Емотивна реакција на мајката на загинатиот Стефан Хрка

    25/10/2026

    Нема да се делиме на победници и поразени, порачаа со песна и солзи радосници студентите

    25/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.