Пожар избувнал попладнето на 24 октомври на улицата „Ацо Шопов“ во Скопје, при што биле зафатени импровизиран објект и контролна табла од која се управувало со градежен кран.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во 16:35 часот во СВР Скопје. Опожарените објекти биле сопственост на правно лице од Скопје и се наоѓале помеѓу две згради во изградба.
На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успешно го локализирала и изгаснала пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица.
Увид на местото извршила надлежна екипа, а причините за избувнувањето на пожарот ќе бидат утврдени во текот на истрагата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
