Две лица се лишени од слобода по полициска акција во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово, при која била пронајдена бела прашкаста материја.
Акцијата била спроведена на 23 октомври од страна на Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и мобилниот тим „Таск форс“, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.
Според информациите од полицијата, пред објектот бил затекнат 48-годишниот М.Р. од Тетово. При извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што лицето било задржано.
Во внатрешноста на угостителскиот објект, кај сопственикот, 54-годишниот Ј.Т. од тетовското село Требош, биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја. И тој бил лишен од слобода.
Двете лица биле задржани во полициска станица. Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.
