Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ги обединуваат заложбите за унапредување на превенцијата од детското престапништво и создавање подобри услови за правилен развој и безбедност на младите.
Овој документ, Советот за превенција на детско престапништво на Општина Кисела Вода ги става на располагање своите практични искуства, методологии и воспоставени модели на дејствување како менторска поддршка за Советот на Општина Ѓорче Петров, со цел градење одржлив модел на превенција што ќе придонесе за поголема безбедност на младите во двете општини.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
