Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес што се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија, на кој учествува и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
-Досието на Македонија е многу сложено. Одамна заслуживме да бидеме дел од ЕУ, но, за жал, поради одредени вештачки причини, сè уште не сме во можност да ги започнеме преговорите – изјави Мицкоски пред почетокот на Самитот.
Тој рече дека на самитот ќе ја пренесе пораката за силната посветеност на македонската Влада на реформската агенда на ЕУ и на европската интеграција, посочувајќи дека Владата и во иднина ќе продолжи да дејствува во таа насока.
Тој изрази надеж дека денешните разговори во рамки на Самитот на Берлинскиот процес ќе бидат суштински и ќе резултираат со конкретни и плодни резултати.
