Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и за време на празничниот ден испрати порака дека активностите за реализација на нови проекти продолжуваат без прекин.
На својот профил на Фејсбук, Ѓорѓиевски објави фотографија со премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека секој ден претставува можност за нови инвестиции и подобрување на условите за живот на граѓаните.
„Работно и за празник! Секој ден е можност да направиме повеќе за Скопје и Македонија. Со нови проекти, силна посветеност, поддршка и дела што носат подобар живот за граѓаните“, напиша Ѓорѓиевски.
Во својата објава тој истакна дека довербата што ја добиле од граѓаните претставува обврска за уште поголема посветеност во работата.
„Довербата обврзува. Продолжуваме да работиме – за наше Скопје и Македонија“, порача градоначалникот.
