Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ЛДП: Над 134.000 нерешени предмети се резултат на запоставувањето на правосудството
    Политика

    ЛДП: Над 134.000 нерешени предмети се резултат на запоставувањето на правосудството

    11/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Либерално-демократската партија предупредува на сериозни проблеми во правосудниот систем, посочувајќи дека недостигот од судии и обвинители, како и недоволното финансирање, довеле до натрупување на над 134.000 нерешени предмети.

    Од ЛДП, повикувајќи се на единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика, обвинуваат дека власта бара ефикасност од правосудните институции, но истовремено не обезбедува услови за нивна независна и квалитетна работа.

    Според податоците што ги наведува партијата, 18 од вкупно 34 судови се соочуваат со проблеми во ажурноста, а дел од обвинителствата функционираат без ниту еден јавен обвинител.

    Како дополнителен проблем го посочуваат и поништувањето на огласот за прием на 130 кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители, за што велат дека причина биле необезбедените финансиски средства од Министерството за финансии.

    Од ЛДП тврдат дека за судската власт се издвојуваат само 0,26 проценти од БДП, иако законската обврска предвидува 0,8 проценти.

    Претседателката на партијата, Моника Зајкова, оцени дека ваквата состојба покажува кои се вистинските приоритети на Владата.

    „Очигледно, за власта има пари за функции, но нема пари за правда!“, порача Зајкова.

    ЛДП реагира и на изјавите на високи владини функционери поврзани со конкретни истраги и судски постапки, оценувајќи дека таквите јавни настапи можат да создадат притисок врз обвинителството и да ја нарушат независноста на институциите.

    Од партијата проблемите во правосудството ги поврзуваат и со измените на Кривичниот законик, за кои тврдат дека придонеле за застарување на предмети поврзани со висока корупција.

    ЛДП бара итно обезбедување на потребните средства за судската власт, продолжување на приемот во Академијата за судии и јавни обвинители, намалување на непотребните административни трошоци и гарантирање на независноста на обвинителството.

    Партијата повикува и на ревизија на кривичното законодавство и воспоставување одговорност за случаите на висока корупција.

    Поврзани вести:

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

    СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

    Мицкоски: Нашите предци ја отворија вратата на слободата, наша должност е да ја чуваме

    Мицкоски: Нашите предци ја отворија вратата на слободата, наша должност е да ја чуваме

    Филипче: Антифашизмот е темел на македонската државност, денес се бориме за правда и европска иднина

    Филипче: Антифашизмот е темел на македонската државност, денес се бориме за правда и европска иднина

    Мицкоски: Дијалогот е единствениот пат за надминување на спорот со Бугарија

    Мицкоски: Дијалогот е единствениот пат за надминување на спорот со Бугарија

    Филипче ги повторува бугарските позиции за евроинтеграциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

    Филипче ги повторува бугарските позиции за евроинтеграциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    13/10/2026

    СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

    13/10/2026

    Мицкоски: Нашите предци ја отворија вратата на слободата, наша должност е да ја чуваме

    11/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.