Учениците од СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје ги претставија своите иновативни идеи за одржливо земјоделство во рамките на националната дисеминација на меѓународниот проект „Зелени агропретприемачи“, финансиран преку програмата Еразмус+. Во проектот учествуваат осум партнери од Словенија, Македонија, Грција и Србија, а координатор е средното училиште „Грм Ново Место“ од Словенија.
Целта е учениците преку практична работа, истражување и решавање реални проблеми да стекнат знаења за одржливо земјоделство и да развијат претприемнички вештини. Во скопското училиште биле формирани четири ученички тима, кои со поддршка од наставниците разработиле сопствени проектни идеи за подобрување на училишната економија.
При изработката на проектите учениците ги анализирале потребите, потребната опрема, трошоците и можностите за практична примена на предложените решенија. За најуспешен е избран проектот „Паметен пластеник – паметни генерации“, кој ја истакнува важноста на современите технологии и иновативните пристапи во развојот на одржливото земјоделство.





