Еден од најголемите центри за обработка на податоци во Русија, во сопственост на технолошкиот гигант „Јандекс“, наводно бил погоден во ноќен напад со дрон во градот Сасово, во Рјазањската област. По нападот избувнал голем пожар во индустрискиот комплекс, а на социјалните мрежи се појавија снимки од пламенот и густиот чад.
Истражувачките групи „Ексиленова+“ и „Астра“ објавија дека погодената локација е дата-центарот „Јандекс ДЦ Сасово“, кој компанијата го опишува како свој најголем центар за обработка на податоци. „Јандекс клауд“ потврди дека се случил инцидент со електричното напојување во една од зоните на својата облачна инфраструктура, при што прекините започнале околу 1 часот и 31 минута. Компанијата ги предупредила корисниците дека проблемите би можеле да се прошират и на други делови од мрежата и им препорачала привремено да префрлат дел од услугите на други локации.
Сепак, „Јандекс“ официјално не го поврза прекинот со пријавениот напад со дрон, а системите за следење на интернет-услугите не регистрирале поголеми нарушувања кај главните кориснички сервиси. Дата-центарот се наоѓа во комплексот на фабриката „Саста“, која произведува високопрецизни индустриски машини што се користат и во руската одбранбена и воздухопловна индустрија. Поради поврзаноста со одбранбениот сектор, фабриката од 2024 година се наоѓа под санкции на Велика Британија, но засега не е утврдено дали целта на нападот била фабриката, дата-центарот или двата објекта. Регионалните власти и украинската војска сè уште официјално не го потврдиле нападот, додека „Јандекс“ призна дека има инфраструктурни проблеми, без да ја соопшти нивната причина.
Significant disruptions are reportedly affecting Yandex’s network and cloud infrastructure after a Ukrainian drone struck a major Yandex data center (also a machine-tool plant) in Sasovo, Russia. https://t.co/FYHSpmb6hM
— GMI (@Global_Mil_Info) October 8, 2026
