Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Софија одговори на барањето за средба: Јотова бара почитување на европската политика
    Свет

    Софија одговори на барањето за средба: Јотова бара почитување на европската политика

    04/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Бугарската претседателка Илијана Јотова порача дека европскиот пат на Македонија не може да се движи преку ултиматуми и политички условувања, туку преку дијалог и почитување на преземените обврски.

    Коментарот на Јотова доаѓа по барањето испратено од македонските власти за билатерална средба меѓу претставници на двете земји.

    Јотова, која присуствувала на одбележувањето на 114-годишнината од ослободувањето на Горна Џумаја во Благоевград, изјавила дека е умерен оптимист и дека ќе побара од бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова да го разгледа барањето за средба во Софија.

    Таа истакнала дека не ги знае деталите од разговорот меѓу претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски, но изразила надеж дека европската позиција била јасно пренесена.

    „Мицкоски мора добро да ја прочита европската политика во однос на проширувањето на Македонија и да заборави дека ова е билатерално прашање, како што се обидува да го претстави. Ние секогаш сме биле отворени за разговори, но без ултиматуми и без отстапување од европската политика“, изјавила Јотова.

    Според неа, Бугарија како членка на Европската Унија не може да прифати земја која се движи кон членство да не ги прифаќа европските вредности и принципи.

    Во однос на спорот меѓу двете земји се огласи и лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, кој порача дека треба да се почитуваат Договорот за добрососедство и пријателство и договорените европски услови.

    „Не бараме ништо повеќе од почитување на договорот. Ние не сме непријатели, туку напротив“, изјавил Борисов.

    Тој додал дека со Договорот за добрососедство и францускиот предлог, според него, прашањата се јасно дефинирани.

    Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски информираше дека сè уште нема одговор на барањето за билатерална средба што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го испратило до бугарската страна.

    Мицкоски изјави дека доколку средбата биде одбиена, тоа би ги потврдило сомнежите што ги има македонската страна, но додаде дека не очекува таков исход.

    Иницијативата за средба следуваше по разговорот меѓу Мицкоски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за европската интеграција на Македонија.

    Поврзани вести:

    Поплави на Крит: Евакуирани 47 туристи, островот и натаму под црвен аларм

    Поплави на Крит: Евакуирани 47 туристи, островот и натаму под црвен аларм

    Во БиХ се одржуваат избори: Над 3,4 милиони гласачи избираат нова власт

    Во БиХ се одржуваат избори: Над 3,4 милиони гласачи избираат нова власт

    Се урна авион во Атлантскиот Океан, пронајдени остатоци во водата

    Се урна авион во Атлантскиот Океан, пронајдени остатоци во водата

    Трамп: Ако ги блокираме дата центрите, Кина ќе ја преземе предноста во вештачката интелигенција

    Трамп: Ако ги блокираме дата центрите, Кина ќе ја преземе предноста во вештачката интелигенција

    Преживеала смртоносна инјекција: Шефот на затворот поднесе оставка

    Преживеала смртоносна инјекција: Шефот на затворот поднесе оставка

    Најмалку петмина загинаа во израелски напад врз станбена зграда во Газа

    Најмалку петмина загинаа во израелски напад врз станбена зграда во Газа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бугарија јотова средба
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Поплави на Крит: Евакуирани 47 туристи, островот и натаму под црвен аларм

    04/10/2026

    Во БиХ се одржуваат избори: Над 3,4 милиони гласачи избираат нова власт

    04/10/2026

    Се урна авион во Атлантскиот Океан, пронајдени остатоци во водата

    04/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.