Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Поплави на Крит: Евакуирани 47 туристи, островот и натаму под црвен аларм
    Свет

    Поплави на Крит: Евакуирани 47 туристи, островот и натаму под црвен аларм

    04/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Силното невреме што веќе неколку дена го зафаќа грчкиот остров Крит предизвика нови поплави во поширокото подрачје на Иерапетра, поради што грчката противпожарна служба превентивно евакуираше 47 туристи од хотели и апартмани во областите Ферма и Куцунари.

    Според грчките власти, обилните врнежи и понатаму создаваат сериозни проблеми, а поплавени се повеќе патишта во регионот. Преку системот за итни известувања 112 повторно беше испратен апел до граѓаните и туристите да го ограничат движењето и да ги следат упатствата на надлежните служби.

    Од противпожарната служба информираат дека евакуираните туристи се префрлени на безбедна локација и дека нема повредени или лица во животна опасност. Во акцијата учествуваат пожарникари од Иерапетра и специјализирани спасувачки тимови.

    Во текот на вчерашниот ден беа евакуирани уште 20 лица во околината на Иерапетра, како и две лица во близина на Ретимно. Дополнително, крајбрежната служба со чамци спаси четворица британски туристи од морскиот дел кај Иерапетра.

    Голем број пожарникари и понатаму се распоредени низ Крит, а сите надлежни служби остануваат во состојба на зголемена готовност поради опасноста од нови поплави.

    Невремето веќе однесе една човечка жртва. Во четвртокот животот го загуби 80-годишен сточар, додека две лица беа полесно повредени кога мост се урна поради лизгање на земјиштето во моментот кога минувале со автомобил.

    Поради екстремните временски услови, островот Крит од средата вечер е ставен под највисоко ниво на тревога – „Црвен код“, што останува во сила поради ризикот од нови поројни дождови и поплави.

    Поврзани вести:

    Софија одговори на барањето за средба: Јотова бара почитување на европската политика

    Софија одговори на барањето за средба: Јотова бара почитување на европската политика

    Во БиХ се одржуваат избори: Над 3,4 милиони гласачи избираат нова власт

    Во БиХ се одржуваат избори: Над 3,4 милиони гласачи избираат нова власт

    Се урна авион во Атлантскиот Океан, пронајдени остатоци во водата

    Се урна авион во Атлантскиот Океан, пронајдени остатоци во водата

    Трамп: Ако ги блокираме дата центрите, Кина ќе ја преземе предноста во вештачката интелигенција

    Трамп: Ако ги блокираме дата центрите, Кина ќе ја преземе предноста во вештачката интелигенција

    Преживеала смртоносна инјекција: Шефот на затворот поднесе оставка

    Преживеала смртоносна инјекција: Шефот на затворот поднесе оставка

    Најмалку петмина загинаа во израелски напад врз станбена зграда во Газа

    Најмалку петмина загинаа во израелски напад врз станбена зграда во Газа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    grcija крит поплава
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Софија одговори на барањето за средба: Јотова бара почитување на европската политика

    04/10/2026

    Во БиХ се одржуваат избори: Над 3,4 милиони гласачи избираат нова власт

    04/10/2026

    Се урна авион во Атлантскиот Океан, пронајдени остатоци во водата

    04/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.