Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Живот и Стил»Има начин: Како да ги ублажите брчките и подолго да ја зачувате младешката кожа
    Живот и Стил

    Има начин: Како да ги ублажите брчките и подолго да ја зачувате младешката кожа

    04/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Брчките се неизбежен дел од процесот на стареење, но тоа не значи дека нивната појава не може да се забави. Со правилна нега, заштита од сонце и здрави животни навики, кожата може подолго да остане еластична, хидрирана и со свеж изглед.

    Дерматологот д-р Ширин Тејмур нагласува дека брчките се сосема природна појава и не треба да се доживуваат како нешто негативно.

    „Појавата на брчки не значи дека сте направиле нешто погрешно или дека одеднаш изгледате старо“, вели таа.

    Според дерматолозите, најдобри резултати се постигнуваат со комбинација од превенција, правилна нега и здрав начин на живот.

    Внатрешно и надворешно стареење

    Дерматологот д-р Којл С. Коноли објаснува дека кожата старее на два начина.

    Првиот е природното, односно внатрешното стареење, кое е поврзано со генетиката и хормоналните промени и врз кое има ограничено влијание.

    Вториот тип е надворешното стареење, кое најчесто е резултат на долготрајно изложување на сончевите УВ-зраци. Токму затоа, лекарите сметаат дека секојдневната заштита од сонце е една од најважните мерки за зачувување на здравјето и изгледот на кожата.

    Според д-р Тејмур, најважно е да се зачува постојниот колаген и истовремено да се поттикне неговото природно создавање. Таа истакнува дека секојдневната употреба на крем со заштитен фактор помага да се намали разградувањето на колагенот, појавата на ситни линии, пигментни промени и губењето на еластичноста.

    Покрај тоа, доволниот сон, избалансираната исхрана и здравите навики имаат значајна улога во одржувањето на убавиот изглед на кожата.

    Кои состојки најмногу помагаат?

    Освен обичната хидратација, дерматолозите препорачуваат производи што содржат активни состојки кои го стимулираат создавањето колаген, го подобруваат сјајот на кожата и придонесуваат за намалување на брчките и пигментните дамки.

    Д-р Одри Кунин советува, доколку кожата останува сува и по нанесувањето на активните производи и кремата со заштитен фактор, да се користи дополнителен хидратантен крем.

    Меѓу состојките што најчесто ги препорачуваат дерматолозите се витамин Ц, бакарни пептиди, гликолна киселина, N6-фурфуриладенин, алфа-липоична киселина и третиноин, кои можат да помогнат во подобрување на текстурата и еластичноста на кожата.

    Поврзани вести:

    Меморија ќе го отвори Ohrid Wine Festival Vol. 5

    Меморија ќе го отвори Ohrid Wine Festival Vol. 5

    Истражувањата покажуваат: жените имаат еднакво либидо како мажите – но поголема самоконтрола

    Истражувањата покажуваат: жените имаат еднакво либидо како мажите – но поголема самоконтрола

    Скопскиот MiniGreen создава терариуми што траат вечно –  единствениот локален бренд што ја внесува тропската природа во вашиот дом

    Скопскиот MiniGreen создава терариуми што траат вечно – единствениот локален бренд што ја внесува тропската природа во вашиот дом

    Лиора – жената што гради мостови меѓу Израел и Македонија

    Лиора – жената што гради мостови меѓу Израел и Македонија

    Феноменот на тивките пријателства: Не се слушате со месеци, а ништо не е скршено

    Феноменот на тивките пријателства: Не се слушате со месеци, а ништо не е скршено

    Ферги наводно престојува кај Присила Присли среде новиот скандал со принцот Ендрју

    Ферги наводно престојува кај Присила Присли среде новиот скандал со принцот Ендрју

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    брчки кожа младо лице нега
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кондомите ќе станат минато: Се тестираат нови препарати за контрацепција кај мажите

    04/10/2026

    Кога љубовта станува товар: Однесувања што не треба да ги игнорирате

    01/10/2026

    Дали одмрзнатото месо може повторно да се замрзне? Еве што треба да знаете

    30/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.