Утрото ќе започне со ведро и студено време, а во дел од земјата минималните температури повторно ќе се спуштат под нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време, проследено со слаб ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 20 и 28 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло, со слаб ветер од северен правец.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
