Полициски службеници од ОВР Неготино ноќеска го лишиле од слобода 28-годишниот М.А. од село во неготинскиот регион, по пријава за агресивно однесување и закани кон негов член од семејството.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен откако М.А. во својот дом агресивно се однесувал и му се заканувал на неговиот 31-годишен брат.
При преземените полициски мерки било утврдено дека лицето било под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,78 промили алкохол во крвта.
М.А. бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
