Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Николоски во Струмица: Нови инвестиции во патната и комуналната инфраструктура
    Некатегоризирано

    Николоски во Струмица: Нови инвестиции во патната и комуналната инфраструктура

    03/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска престојуваше во работна посета на Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков разговараше за тековните инфраструктурни проекти и идните планови за развој на општината.

    На средбата присуствувале и претставници од општинската администрација, како и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

    Од Министерството за транспорт информираат дека преку ресорот што го предводи Николоски, во Струмица во моментов се реализираат инфраструктурни проекти со вкупна вредност над седум милиони евра.

    Меѓу позначајните инвестиции е изградбата на атмосферска канализациска мрежа во населеното место Просениково, проект чија вредност изнесува 46,6 милиони денари.

    На состанокот биле разгледани и прашања поврзани со патната и комуналната инфраструктура, како и проектите што Владата ги поддржува во струмичкиот регион.

    Како една од најзначајните идни инвестиции се издвојува изградбата на експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село – граница со Бугарија. За реализација на овој проект веќе е започната постапка за избор на проектантска и консултантска компанија која треба да ја изработи потребната документација.

    Во рамки на подготовките се предвидени изработка на предпроектни анализи, еколошки и социјални студии, како и физибилити студија. По завршувањето на овие активности, треба да следува постапка за избор на изведувач и почеток на градежните работи.

    Според претходните најави на Николоски, експресниот пат треба да се финансира со средства на Јавното претпријатие за државни патишта, а целта е трасата да не завршува во Струмица, туку да продолжи преку Ново Село до македонско-бугарската граница.

    Од Министерството за транспорт посочуваат дека инвестициите имаат цел подобрување на патната и комуналната инфраструктура, како и создавање подобри услови за граѓаните и за локалниот економски развој.

    Поврзани вести:

    Поплави и свлечишта во Индија и Непал: 19 загинати, десет лица исчезнати

    Поплави и свлечишта во Индија и Непал: 19 загинати, десет лица исчезнати

    Дел од Сопиште денеска неколку часа ќе биде без струја

    Дел од Сопиште денеска неколку часа ќе биде без струја

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    александар николоски бугарија експресен пат николоски радовиш струмица
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Поплави и свлечишта во Индија и Непал: 19 загинати, десет лица исчезнати

    27/09/2026

    Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, ЕУ треба да ги слушне аргументите на двете страни

    27/09/2026

    Полицајци со денови ја следеле плантажата со канабис во Струмичко, уапсени две лица

    23/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.