Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Г7 ќе ослободи до 100 милиони барели нафта и дизел за стабилизација на цените
    Свет

    Г7 ќе ослободи до 100 милиони барели нафта и дизел за стабилизација на цените

    03/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Земјите од Г7 договорија координирано ослободување на до 100 милиони барели нафта и дизел од стратешките резерви, со цел да се намали притисокот врз светските енергетски пазари и да се спречи дополнителен раст на цените.

    Според одлуката, мерката ќе започне веднаш и ќе се спроведува во период од четири месеци. Во првите 20 дена е предвидено значително пуштање на дизел на пазарот, а доколку биде потребно, земјите членки ќе разгледаат и дополнителни количини.

    Лидерите на Г7 истовремено се согласија меѓу себе да не воведуваат ограничувања за извоз на енергенси и енергетски производи, со што сакаат да обезбедат постабилно снабдување и да избегнат нови потреси на пазарот.

    Одлуката доаѓа по притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно најави можност за забрана на извозот на дизел од САД доколку европските земји не пуштат дел од своите резерви на пазарот. Според него, тоа би помогнало да се намалат цените за американските потрошувачи пред ноемвриските избори за Конгресот.

    Подоцна, Трамп изјави дека забраната за извоз „никогаш навистина не била на маса“ и ја поздрави одлуката на европските партнери да ослободат дополнителни количини гориво.

    Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека договорот е постигнат во координација со Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) и дека вкупно ќе бидат ставени на располагање до 100 милиони барели во наредните четири месеци.

    Британскиот министер за надворешни работи Ед Милибанд оцени дека мерките ќе придонесат за стабилизирање на снабдувањето со енергија, зајакнување на синџирите на снабдување и намалување на ризикот од ценовни шокови за домаќинствата и компаниите.

    Засега не е познато кои партнерски држави, покрај членките на Г7, ќе учествуваат во ослободувањето на резервите, ниту со каква динамика ќе се реализира процесот.

    По објавувањето на договорот, цената на суровата нафта од типот „брент“ накратко падна под 100 долари за барел, но подоцна повторно се искачи на околу 102 долари. За споредба, пред нападите на САД и Израел врз Иран, цената на „брент“ изнесуваше околу 73 долари за барел.

    Поврзани вести:

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    Трагедија во Србија: Пронајдени делови од тело на жена во замрзнувач, синот приведен

    Трагедија во Србија: Пронајдени делови од тело на жена во замрзнувач, синот приведен

    Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург

    Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург

    Еколошка катастрофа во Албанија: Тони риби угинаа во акумулацијата Кашњети

    Еколошка катастрофа во Албанија: Тони риби угинаа во акумулацијата Кашњети

    Пилот со оманско потекло предизвика инцидент на лет на компанијата „Флај Дубаи“ – сакал да го урне авионот во кој се возеле Изреалци

    Пилот со оманско потекло предизвика инцидент на лет на компанијата „Флај Дубаи“ – сакал да го урне авионот во кој се возеле Изреалци

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    барел Г7 нафта светски сили
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    03/10/2026

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    03/10/2026

    Трагедија во Србија: Пронајдени делови од тело на жена во замрзнувач, синот приведен

    02/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.