Жителите на улицата „Лермонтова“ во скопската општина Центар денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради дефект на приклучна водоводна цевка.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот е предизвикан од дефект на приклучна цевка Ф-5/4 на улицата „Лермонтова“ број 16, поради што корисниците од оваа улица останале без вода.
Водоснабдувањето е прекинато од 08:30 часот, а нормализирање на испораката се очекува по завршувањето на санацијата.
Од претпријатието не соопштија во кој период се очекува дефектот да биде отстранет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
