Општина Аеродром продолжува со активностите за подобрување на јавниот простор и создавање поуредна и попријатна средина за жителите.
Во повеќе населби во општината се поставуваат нови клупи за седење и канти за отпадоци, а дел од постојните бетонски клупи се обновуваат со нови дрвени седишта, со што се подобрува нивната функционалност и изглед.
Од локалната самоуправа информираат дека паралелно продолжуваат и работите на обновување и уредување на детските и спортските игралишта.
„Интензивно работиме на обнова и уредување на детските и спортските игралишта, создавајќи побезбедни, поуредни и попријатни места за игра, спорт, рекреација и дружење“, посочуваат од Општина Аеродром.
Од Општината додаваат дека целта на овие активности е подобрување на условите за секојдневен престој на граѓаните и создавање поквалитетни јавни простори за сите генерации.
