Во населбата Скопје Север започна реконструкцијата на улицата „Костурска“, проект што опфаќа и уредување на два големи паркинг-простори, изградба на пристапни патеки и нов тротоар за побезбедно движење на пешаците.
Од Општина Бутел информираат дека станува збор за инвестиција вредна повеќе од 65 милиони денари, со која значително ќе се подобри сообраќајната и комуналната инфраструктура во овој дел од општината.
Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека проектот е резултат на барањата на жителите на Скопје Север и најави продолжување на инфраструктурните зафати во населбата.
„Вложуваме над 65.000.000 денари во големи и значајни проекти во населеното место Скопје Север. Она што беше барање на граѓаните на Скопје Север го реализираме. Ова е најголемата градежна офанзива што се случува во Скопје Север“, изјави Костовски.
