Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»САД се повлекуваат од Ирак по повеќе од две децении воено присуство
    Свет

    САД се повлекуваат од Ирак по повеќе од две децении воено присуство

    28/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сите американски борбени сили и единици за логистичка поддршка се повлекле од Ирак, тврди неименуван ирачки извор, додека засега нема официјална потврда од американските власти.

    Официјалниот рок за завршување на повлекувањето е 30 септември. Во меѓувреме, во Ирак се прогласени четири неработни дена по повод Денот на независноста.

    Американските сили првпат влегоа во Ирак во 2003 година, кога со сојузниците извршија инвазија и го соборија режимот на Садам Хусеин. Главниот дел од војската се повлече во 2011 година, но во 2014 година, на барање на ирачката влада, американските војници повторно беа распоредени за поддршка во борбата против Исламска држава.

    Иако мисијата против ИД официјално беше прогласена за завршена во 2021 година, дури во 2024 година беше постигнат договор за постепено повлекување на американските сили од земјата.

    Според податоците на Пентагон, во изминатите години во Ирак биле распоредени околу 2.500 американски војници, главно во Ербил, во база во близина на аеродромот во Багдад и во таканаречената „Зелена зона“.

    Влошена безбедносна состојба

    Безбедносната ситуација во Ирак дополнително се влоши по американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари. Американските бази, војници и курдските сили беа цел на повеќе напади, а курдскиот регион беше погоден од ракети и беспилотни летала.

    Меѓу целите беше и канцеларијата на премиерот на Курдистан, Масрур Барзани.

    Ирачкиот премиер Али ал Саиди претходно најави дека паравоените групи поддржани од Иран ќе бидат разоружани и интегрирани во државните безбедносни структури, но спроведувањето на оваа мерка е одложено до јуни следната година.

    Во меѓувреме, премиерот на Курдистан, Масрур Барзани, оцени дека повлекувањето на американската армија е погрешен потег и предупреди дека регионот останува изложен на сериозни безбедносни ризици.

    Курдите, кои живеат во Ирак, Иран, Сирија и Турција, со децении се стремат кон поголема автономија и сопствена држава. Полуавтономниот Курдски регион во Ирак беше воспоставен по падот на режимот на Садам Хусеин во 2003 година, а односите меѓу властите во Ербил и Багдад и понатаму се обележани со политички тензии.

    Поврзани вести:

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Вајц: Македонија може да биде лидер во преговорите со ЕУ ако се надминат блокадите

    Вајц: Македонија може да биде лидер во преговорите со ЕУ ако се надминат блокадите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    војска ирак сад
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    19/11/2026

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    19/11/2026

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.