Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во Њујорк оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во рамки на неговото учество на 81. сесија на Генералното собрание на ОН.
Според соопштението од кабинетот на генералниот секретар, на средбата била нагласена одличната соработка меѓу Северна Македонија и Обединетите нации, како и заедничката посветеност на понатамошно унапредување на партнерските односи.
Во разговорите биле отворени и теми поврзани со европските интеграции на земјата, регионалната соработка и поддршката на мултилатерализмот како основа за справување со глобалните предизвици.
Средбата се одржа откако македонскиот премиер се обрати на генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, каде ги претстави ставовите на државата за актуелните меѓународни и домашни прашања.
