Две лица загинаа, а осум се повредени во ноќен руски напад со балистички ракети врз Киев, соопштија украинските власти.
Првите силни експлозии одекнале околу еден часот по полноќ, непосредно откако украинското воздухопловство предупредило дека балистичка ракета се движи кон главниот град.
Според информациите од Киев, во текот на ноќта следувале уште најмалку два брана експлозии во повеќе делови од градот.
Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека итните служби биле испратени во неколку населби, каде што остатоци од ракетите предизвикале материјална штета и пожари.
Во Подилскиот реон биле запалени автомобили на паркинг покрај медицинска установа, а делови од ракета паднале и во близина на породилиште. Во породилиштето немало жртви, но едно лице загинало на блискиот паркинг, додека бил оштетен и дијагностички медицински центар.
Нападот следува по претходните удари со беспилотни летала врз Киев, во кои, според украинските власти, исто така имало загинати и десетици повредени.
Во моментот на ноќниот напад, претседателот Володимир Зеленски во Њујорк разговарал со членови на американскиот Конгрес на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој побара од САД системи за пресретнување балистички ракети и воведување дополнителни санкции против Русија и оние што, според него, ѝ помагаат финансиски.
A Russian 3M22 Zircon hypersonic missile struck energy infrastructure in Kyiv.
Approximately 22 missiles of various types were launched at Kyiv over the past 30 minutes, with only three intercepted. pic.twitter.com/j8OV3JDNRF
— OSINTWarfare (@OSINTWarfare) September 23, 2026
