Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Скопје добива 100 електрични автобуси, БРТ и градски воз
    Скопје

    Скопје добива 100 електрични автобуси, БРТ и градски воз

    23/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Скопје влегува во период на значајни инвестиции во јавниот превоз и сообраќајната инфраструктура. Владата најавува реализација на повеќе капитални проекти со кои треба да се подобри транспортот во главниот град, но и да се решат дел од долгогодишните проблеми со сообраќајниот метеж и недостигот на паркинг-простор.

    Во рамки на обновувањето на автобускиот возен парк, предвидена е набавка на 150 електрични автобуси за целата држава, од кои 100 ќе бидат наменети за Скопје, а останатите 50 за другите градови. За нивното функционирање ќе бидат изградени и 75 станици за полнење.

    Паралелно продолжуваат активностите за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ). За првата делница, која треба да ги поврзе Ѓорче Петров и Ново Лисиче, веќе е распишан тендер, а во следната фаза е планирана набавка на околу 40 нови еколошки автобуси.

    Во плановите е вклучен и развојот на градскиот воз. Првата линија од Транспортниот центар до Зелениково веќе е реализирана, а следуваат уште две траси – кон Аеродром и Скопје-Север, како и кон Ѓорче Петров, со што железничката мрежа постепено ќе ги поврзе повеќето делови од градот.

    Според најавите, крајната цел е создавање интегриран јавен превоз, во кој електричните автобуси, БРТ-системот и градскиот воз ќе функционираат како единствен транспортен систем. Планирано е БРТ да биде директно поврзан со градскиот воз кај Железничката станица, овозможувајќи им на патниците полесно и побрзо да го продолжат патувањето.

    Освен јавниот превоз, Владата најавува и конкретни чекори за решавање на хроничниот недостиг од паркинг-простор кај Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во тек е тендерска постапка за изградба на две монтажни паркинг-гаражи со вкупен капацитет од повеќе од 520 паркинг-места, а изградбата треба да започне по завршувањето на постапката.

    Со реализацијата на овие проекти се очекува Скопје да добие помодерен, поефикасен и поеколошки систем на јавен превоз, како и подобри услови за движење и паркирање во градот.

    Поврзани вести:

    Повеќе скопски населби денеска без струја, познати локациите и термините

    Повеќе скопски населби денеска без струја, познати локациите и термините

    Новите анализи потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење

    Новите анализи потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење

    Граѓаните на Гази Баба одлучуваат кои проекти ќе бидат приоритет во буџетот за следната година

    Граѓаните на Гази Баба одлучуваат кои проекти ќе бидат приоритет во буџетот за следната година

    „Пајак“ службата во Центар крена 143 непрописно паркирани возила за една недела

    „Пајак“ службата во Центар крена 143 непрописно паркирани возила за една недела

    Делови од Карпош денеска без вода поради интервенција на мрежата

    Делови од Карпош денеска без вода поради интервенција на мрежата

    Костовски бара итен прекин на градежните активности на државно земјиште во Бутел 2

    Костовски бара итен прекин на градежните активности на државно земјиште во Бутел 2

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Повеќе скопски населби денеска без струја, познати локациите и термините

    10/11/2026

    Новите анализи потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење

    09/11/2026

    Граѓаните на Гази Баба одлучуваат кои проекти ќе бидат приоритет во буџетот за следната година

    09/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.