Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»РИК потврди 11 изборни листи за предвремените избори во Србија
    Свет

    РИК потврди 11 изборни листи за предвремените избори во Србија

    21/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Републичката изборна комисија (РИК) на Србија вечерва ја потврди изборната листа на Партијата за демократска акција на Санџак (СДА) за учество на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 25 октомври.

    Листата „СДА Санџак – Чувари на Санџак“, предводена од Ахмедин Шкријељ, ќе биде под реден број 11 на гласачкото ливче, согласно одлуката на изборната комисија.

    Со оваа одлука, РИК досега има потврдено вкупно 11 изборни листи за учество на изборите. Крајниот рок за поднесување на кандидатски листи е 4 октомври на полноќ, односно 20 дена пред одржувањето на изборите. За учество, партиите и коалициите треба да достават најмалку 10.000 заверени потписи од граѓани, додека за листите на националните малцинства потребни се 5.000 потписи.

    На прво место на гласачкото ливче ќе се најде листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, поднесена од коалицијата предводена од Српската напредна партија (СНС). Носител на листата е српскиот претседател Александар Вучиќ, а меѓу кандидатите се и претседателот на СНС Милош Вучевиќ и претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ.

    Втора ќе биде листата „Ивица Дачиќ – фактор на стабилност“, поднесена од коалицијата на Социјалистичката партија на Србија (СПС), предводена од лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ.

    Под број 3 ќе се најде „Студентската листа – Студентите победуваат“, предводена од професорот на Медицинскиот факултет во Нови Сад, Илија Срдановиќ.

    Четврта ќе биде листата „Расим Љајиќ – Народна СДП/ЦДП“, на коалицијата на Санџачката демократска партија (СДП) и Црногорската демократска партија (ЦДП), чиј носител е поранешниот српски министер Расим Љајиќ.

    Под број 5 ќе биде листата на Сојузот на војводинските Унгарци, предводена од Балинт Пастор, додека шестото место ќе го има листата „Усаме Зукорлиќ – Движење за обединување“, на Партијата за правда и помирување (СПП).

    На седмото место ќе биде „Руска партија – Србија во БРИКС – Слободан Николиќ“, а осма ќе биде листата на коалицијата составена од претставници на Новата демократска партија на Србија (НДСС) и партијата Монархисти – Движење за Кралството Србија.

    Изборниот процес во Србија продолжува со потврдување на останатите пријавени листи, а конечниот список ќе биде познат по истекот на рокот за поднесување кандидатури.

    Поврзани вести:

    САД, Данска и Гренланд потпишаа историски безбедносен договор

    САД, Данска и Гренланд потпишаа историски безбедносен договор

    Гутереш со последен говор пред ОН: Светот мора да избере мир

    Гутереш со последен говор пред ОН: Светот мора да избере мир

    Просечната плата во Хрватска достигна 1.540 евра

    Просечната плата во Хрватска достигна 1.540 евра

    Вооружен напад пред средно училиште во Турција, осуммина повредени

    Вооружен напад пред средно училиште во Турција, осуммина повредени

    Градоначалникот Зохран Мамдани кажа дека Нетанјаху е воен злосторник, но нема начин како да го уапси во Њујорк

    Градоначалникот Зохран Мамдани кажа дека Нетанјаху е воен злосторник, но нема начин како да го уапси во Њујорк

    Вештачката интелегенција една од главните теми на средбата Трамп – Си

    Вештачката интелегенција една од главните теми на средбата Трамп – Си

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    избори предвремени избори србија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    САД, Данска и Гренланд потпишаа историски безбедносен договор

    22/09/2026

    Гутереш со последен говор пред ОН: Светот мора да избере мир

    22/09/2026

    Просечната плата во Хрватска достигна 1.540 евра

    22/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.