Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина
    Република

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    21/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Судењето против 13 полициски службеници обвинети во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани започна од почеток, поради промена во составот на Судечкиот совет.

    Од Основниот суд информираа дека постапката морала повторно да стартува откако еден од поротниците, поради здравствени причини, известил дека повеќе од еден месец нема да може да присуствува на рочиштата, додека вториот поротник се повлекол поради други обврски.

    Со предметот и понатаму претседава судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а обвинението го застапува јавната обвинителка Спасенка Андонова, која истакна дека Обвинителството во целост останува на поднесеното обвинение.

    Сите 13 обвинети – Дејан Салтировски, Ванчо Георгиевски, Марија Маневска, Томе Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлум Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Маријан Радевски – повторно се изјаснија пред Судот, наведувајќи дека остануваат на своите претходни искази и дека не се чувствуваат виновни.

    Судот одлучи досега изведените материјални докази и исказите на веќе сослушаните сведоци да бидат преземени во новата постапка, по што судењето продолжува со изведување дополнителни докази и сослушување сведоци предложени од Обвинителството.

    Предметот се однесува на пожарот што на 16 март избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Според обвинението, полициските службеници кои биле ангажирани во критичниот период не презеле мерки да ја прекинат забавата, ниту ја спречиле употребата на пиротехнички средства, иако истовремено биле присутни и извршувале службени задачи во дискотеката.

    Поврзани вести:

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – да не се повтори, но никогаш да не се заборави

    Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – да не се повтори, но никогаш да не се заборави

    Претпладне сонце и обаци, попладне дожд и грмежи

    Претпладне сонце и обаци, попладне дожд и грмежи

    Фалсификувани возачки дозволи за автобуси и камиони: Поднесено обвинение против шест лица

    Фалсификувани возачки дозволи за автобуси и камиони: Поднесено обвинение против шест лица

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    кочани обвинет пулс
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    21/09/2026

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    21/09/2026

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    20/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.