Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура
    Политика

    Чонески: Крушево добива нова спортска сала, обиколница и модерна инфраструктура

    20/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Крушево продолжува со реализација на низа инфраструктурни, туристички и комунални проекти, меѓу кои изградба на нова спортска сала, реконструкција на Крушевската чаршија, подобрување на водоснабдувањето, нови полетувалишта за параглајдери и пристапна улица до скијачките терени.

    Градоначалникот Нико Чонески информираше дека изградбата на пристапната улица до скијачките терени е во тек, а во следната фаза таа треба да се поврзе со планираната обиколница околу градот. Обиколницата е во тендерска постапка и има за цел да го намали сообраќајниот метеж, особено движењето на тешките товарни возила низ централното градско подрачје.

    Во меѓувреме се подготвува и нов сообраќаен проект кој треба да обезбеди дополнителни паркинг-места и подобра организација на сообраќајот во градот.

    Во областа на водоснабдувањето се изработува студија за намалување на загубите на вода и утврдување на најкритичните делови од мрежата што ќе бидат реконструирани. Веќе е завршена реконструкцијата на пумпната станица, а во тек е постапка за набавка и замена на хидро и електроопремата.

    Општината започнува и со воведување систем за селекција на комунален отпад, по што е предвидена изградба на центар за селекција. До крајот на септември комуналното претпријатие треба да добие нов ровокопач-натоварувач, а веќе е набавено и ново специјализирано возило за собирање отпад.

    Во туристичкиот сектор се финализираат две нови полетувалишта за параглајдери, со што значително ќе се зголеми капацитетот на параглајдинг-центарот во Крушево. Истовремено се уредува спортско-рекреативниот центар „Гумење“, каде се гради детски рекреативен парк, како и просторот околу Крушевското Езеро.

    Во план е и реконструкција и ревитализација на Крушевската чаршија, додека подготовката на техничката документација за обнова на Градскиот пазар е во завршна фаза.

    Со финансиска поддршка од Министерството за спорт ќе започне и изградбата на нова повеќенаменска спортска сала.

    Паралелно, општината работи на изработка на Генерален урбанистички план за дел од Крушево, Детален урбанистички план за контактната зона на градот, како и планска документација за населените места и изградба на нови канализациони системи.

    „Нашата цел е преку континуирани инвестиции да создадеме подобра инфраструктура, поквалитетни услови за живот и нови можности за развој на Крушево“, истакна градоначалникот Нико Чонески.

    Поврзани вести:

    СДСМ: Димитриевски му создава алиби на Мицкоски за предвремени избори

    СДСМ: Димитриевски му создава алиби на Мицкоски за предвремени избори

    „Разговори за иднината во 12:05“ бара државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите

    „Разговори за иднината во 12:05“ бара државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски одговори за објектот во Влае и поврзаноста со Муслиу

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски одговори за објектот во Влае и поврзаноста со Муслиу

    Во Владата денеска панел-дискусија за Извештајот на Европската комисија

    Во Владата денеска панел-дискусија за Извештајот на Европската комисија

    Мицкоски денеска во Валандово, ќе ја пушти во употреба третата фаза од „Страиште“

    Мицкоски денеска во Валандово, ќе ја пушти во употреба третата фаза од „Страиште“

    Филипче објави записник за „Алта банка“ и побара оставка од министерката за финансии

    Филипче објави записник за „Алта банка“ и побара оставка од министерката за финансии

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    градоначалник крушево проекти Чонески
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ: Димитриевски му создава алиби на Мицкоски за предвремени избори

    07/11/2026

    „Разговори за иднината во 12:05“ бара државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите

    06/11/2026

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски одговори за објектот во Влае и поврзаноста со Муслиу

    06/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.