Само неколку часа по официјалното отворање на Октоберфест во Минхен, медицинските екипи веќе интервенирале кај десетици посетители. Според првичните информации, за помалку од три часа биле регистрирани околу 50 случаи во кои била потребна лекарска помош, а дел од повредените се здобиле со сериозни повреди.
Здравствените служби соопштија дека меѓу интервенциите имало третмани за повреди на главата, длабоки исеченици и повреди на лицето, додека кај едно лице бил регистриран тежок напад на грчеви.
Најголем дел од инцидентите се случиле за време на традиционалното влегување во фестивалските шатори, познато како „Wiesn-Einlauf“. Во моментот кога биле отворени влезовите, голем број посетители потрчале за да обезбедат место во шаторите, при што во турканицата дошло до повеќе падови и повреди.
И покрај напорниот почеток, баварскиот премиер Маркус Седер го посети медицинскиот центар на Терезиенвизе. Заедно со сопругата Карин Баумилер им изразил поддршка на лекарите и медицинскиот персонал кои интервенираат на фестивалот.
Овогодинешниот Октоберфест се одржува под засилени безбедносни мерки, а посетителите ги дочекаа и повисоки цени. Во дел од фестивалските шатори, литар пиво оваа година достигнува цена до 15,90 евра.
Auf zum #Oktoberfest2026 – um 9.08 Uhr sind die ersten Besucher am Eingang neben dem Schützenzelt auf die Wiesn gerannt. @tonline pic.twitter.com/2QXLYhQd27
— Philip Buchen (@Philip_Buchen) September 19, 2026
