Пет лица загинаа, а најмалку седум се повредени откако руски дрон погодил патнички минибус во областа Никопол, соопштија украинските регионални власти.
Нападот се случил во Дњепропетровската област, а објавените фотографии покажуваат тешко оштетено возило со искршени прозорци. Регионалните власти тврдат дека во минибусот имало луѓе кои патувале кон своите секојдневни обврски.
Русија засега не го коментирала нападот, а Москва и Киев негираат дека намерно напаѓаат цивили.
Никопол се наоѓа на брегот на реката Днепар, спроти територија под руска контрола, и често е цел на напади.
Во неколку претходни напади со дронови врз автобуси, минибуси и градскиот пазар во Никопол годинава, исто така имаше загинати и повредени цивили.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
