Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Фотографии што ја откриваат штетата во американските бази по иранските напади
    Свет

    Фотографии што ја откриваат штетата во американските бази по иранските напади

    16/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Нови фотографии до кои дошол CBS News покажуваат тешки оштетувања на повеќе американски воени бази на Блискиот Исток по иранските ракетни и напади со беспилотни летала. Снимките, според медиумот, биле доставени од активни американски војници кои побарале да останат анонимни поради воените правила за комуникација со медиумите.

    На една од фотографиите од базата „Принц Султан“ во Саудиска Арабија се гледа тешко оштетен авион „Боинг Е-3 Сентри“, чиј заден дел е целосно одвоен од трупот. Други снимки од истата база и од кампот „Бјуринг“ во Кувајт покажуваат изгорени згради и бараки, како и уништена воена инфраструктура.
    Главниот инспектор на американското Министерство за одбрана во нов извештај наведува дека загубите на опрема достигнуваат до 3,7 милијарди долари и опфаќаат речиси 60 уништени или оштетени летала.

    Според податоците на CENTCOM наведени во извештајот, Иран погодил американски бази во Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Ирак, Оман и Јордан. Еден од американските војници кој разговарал со CBS News тврди дека размерите на оштетувањата во базите не биле целосно претставени пред американската јавност.

    Конгресната истражувачка служба во посебен извештај наведува дека американската војска од почетокот на војната со Иран загубила најмалку 42 летала. Меѓу загубите, според податоците презентирани пред Конгресот, се најмалку 24 напредни дронови „MQ-9 Reaper“, чија поединечна вредност се проценува на околу 30 милиони долари.
    Вкупните трошоци за американската операција „Епски бес“ достигнале околу 29 милијарди долари, при што во таа сума не е вклучена штетата на погодените воени бази.

    Финансискиот контролор на Пентагон, Џулс Херст, пред конгресмените потврдил дека значителен дел од средствата се трошат за итни поправки и замена на уништената воена техника.
    Според објавените американски податоци, штетата на самите бази се мери во дополнителни милијарди долари, што укажува на значително поголеми материјални последици од иранските напади.

    New photos obtained exclusively by CBS News reveal for the first time the widespread damage and destruction of buildings and vehicles at multiple U.S. positions across the Middle East, as a result of Iranian missile and drone attacks. The images were sent to CBS News by active… pic.twitter.com/MmOX1rQgwN

    — CBS News (@CBSNews) September 16, 2026

    Поврзани вести:

    Републикански конгресмен побара внимателно да се следат изборите во Србија

    Републикански конгресмен побара внимателно да се следат изборите во Србија

    Саудиска Арабија откажа дел од септемвриските испораки на сирова нафта за Европа

    Саудиска Арабија откажа дел од септемвриските испораки на сирова нафта за Европа

    Зеленски: Тестираме ново оружје за пресретнување дронови

    Зеленски: Тестираме ново оружје за пресретнување дронови

    Саудиската противвоздушна одбрана уништила дрон на Хутите јужно од Мека

    Саудиската противвоздушна одбрана уништила дрон на Хутите јужно од Мека

    САД првпат признаа дека имаат офанзивни воени капацитети во вселената

    САД првпат признаа дека имаат офанзивни воени капацитети во вселената

    Мерц го откажа патувањето во Њујорк поради политичката криза во Германија

    Мерц го откажа патувањето во Њујорк поради политичката криза во Германија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    американски бази видео ирански напади фотографии штета
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Републикански конгресмен побара внимателно да се следат изборите во Србија

    16/09/2026

    Саудиска Арабија откажа дел од септемвриските испораки на сирова нафта за Европа

    16/09/2026

    Зеленски: Тестираме ново оружје за пресретнување дронови

    16/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.