Земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне на територијата на Македонија, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според првичните информации, потресот бил евидентиран во 14:29 часот, а епицентарот се наоѓал на околу 10 километри североисточно од Берово.
Жариштето на земјотресот било на длабочина од приближно 15,3 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета или за повредени лица.
Од сеизмолошките служби потсетуваат дека станува збор за првични податоци, кои можат дополнително да бидат ревидирани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
