Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Кина и САД во нов судир околу развојот на вештачката интелигенција
    Свет

    Кина и САД во нов судир околу развојот на вештачката интелигенција

    14/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон околу развојот и контролата на најнапредните технологии за вештачка интелигенција продолжуваат да растат, откако Кина се спротивстави на барањата за дополнително ограничување на нејзиниот пристап до современи чипови и опрема.

    Реакцијата на кинеските власти уследи по изјавите на извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, кој побара американската администрација да ги задржи ограничувањата за извоз на најмоќните технологии поврзани со вештачката интелигенција кон Кина.

    Амодеи предупреди дека евентуалното технолошко предводништво на Кина во оваа област би претставувало сериозен ризик за САД и за глобалната безбедност.

    Од Пекинг, пак, оценуваат дека зголемената конфронтација и ривалството меѓу двете најголеми економии можат негативно да влијаат врз глобалното управување со вештачката интелигенција.

    „Ширењето страв, конфронтацијата и жестоката конкуренција само ќе го нарушат процесот на глобално управување со вештачката интелигенција, што не е во ничиј интерес“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, повикувајќи на поголема соработка и отворен пристап.

    Амодеи истовремено повика на глобално забавување на развојот на вештачката интелигенција, предупредувајќи дека голем број автономни системи би можеле значително да влијаат врз интернетот во следните месеци доколку развојот продолжи без контрола.

    Според него, за постигнување рамнотежа во темпото на развој ќе биде неопходна и соработка меѓу САД и Кина.

    Кинеските технолошки компании во изминатиот период развија напредни модели на вештачка интелигенција, кои според одредени параметри се споредливи со американските решенија, а во некои случаи се и поевтини за користење.

    Во меѓувреме, Вашингтон и Пекинг меѓусебно се обвинуваат за технолошки практики поврзани со развојот на напредни модели. Американските власти тврдат дека кинески компании се обидувале да ги преземат способностите на американски системи, меѓу кои Клод на „Антропик“ и моделите на „ОпенАИ“.

    Кина ги отфрла овие обвинувања и оценува дека САД се обидуваат да создадат монопол во една од најважните технолошки индустрии во иднината.

    Прашањето за вештачката интелигенција се очекува да биде една од темите на разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата планирана за 24 септември.

    Поврзани вести:

    Почина најстариот преживеан од Холокаустот, Јехуда Видавски, на 107 години

    Почина најстариот преживеан од Холокаустот, Јехуда Видавски, на 107 години

    Американската амбасада предупреди на масовни протести во Косово пред пресудата за Тачи

    Американската амбасада предупреди на масовни протести во Косово пред пресудата за Тачи

    Студентите во Србија ја поднесоа изборната листа, Дејан Бодирога кандидат за пратеник

    Студентите во Србија ја поднесоа изборната листа, Дејан Бодирога кандидат за пратеник

    Шкотска, Велс и Северна Ирска се обединија во барањето за независност од Лондон

    Шкотска, Велс и Северна Ирска се обединија во барањето за независност од Лондон

    Трагедија во Индонезија: Шестмина загинати, 129 исчезнати по превртување на траект

    Трагедија во Индонезија: Шестмина загинати, 129 исчезнати по превртување на траект

    Силен украински напад со дронови врз Сочи, експлозии и голем пожар во градот

    Силен украински напад со дронови врз Сочи, експлозии и голем пожар во градот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    аи вештачка интелигенција кина сад
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почина најстариот преживеан од Холокаустот, Јехуда Видавски, на 107 години

    14/09/2026

    Американската амбасада предупреди на масовни протести во Косово пред пресудата за Тачи

    14/09/2026

    Студентите во Србија ја поднесоа изборната листа, Дејан Бодирога кандидат за пратеник

    14/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.