Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Велес, каде ќе присуствува на поставувањето камен-темелник за изградба на нова подземна катна гаража и плоштад во општината.
По почетокот на градежните активности, предвидена е изјава на премиерот за медиумите.
Во рамки на посетата на Велес, Мицкоски, заедно со Министерството за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски, ќе присуствува и на пуштањето во употреба на системот „Безбеден град“.
Дополнително, ќе бидат промовирани и новите простории на Секторот за внатрешни работи Велес, кои ќе бидат ставени во функција.
Посетата на премиерот е во рамки на планираните активности поврзани со реализација на инфраструктурни и институционални проекти во градот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
