Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Мицкоски: За две години обезбедивме околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции
    Економија

    Мицкоски: За две години обезбедивме околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции

    10/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во изминатите 24 до 25 месеци, откако актуелната Влада ја презеде функцијата, во земјава се реализирани околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции.

    Одговарајќи на новинарско прашање во Прилеп, Мицкоски направи споредба со резултатите на претходната влада, оценувајќи дека разликата е значителна.

    „Во овие две години вкупното ниво на странски инвестиции изнесува околу една милијарда и 400 милиони евра. Ако ги споредиме првите две години од оваа Влада со првите две години од претходната, кога немаше кризи, тогаш станува збор за околу 1,4 милијарди евра наспроти околу 750 милиони евра. Бројките се јасни и разликата е огромна“, изјави премиерот.

    Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на привлекување нови странски и домашни инвестиции, посочувајќи дека процесот ќе продолжи и во наредниот период.

    Како пример ги наведе неодамнешните инвестициски проекти, меѓу кои и изградбата на голем ветерен парк во општините Радовиш, Штип и Карбинци, чија почетна вредност изнесува околу половина милијарда долари, со најави за дополнително проширување на инвестицијата.

    Мицкоски говореше и на отворањето на новиот производствен погон на компанијата „ВИК“ (WIK) во Технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп, оценувајќи дека ваквите проекти се потврда за довербата на инвеститорите во македонската економија.

    Според него, економската политика на Владата ќе остане насочена кон создавање поволна деловна клима, отворање нови работни места и поттикнување на економскиот раст преку нови инвестиции.

    Поврзани вести:

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    26/10/2026

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    26/10/2026

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026
    Додади Коментар

    Коментарите се затворени.



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.