Од ЕВН Македонија информираат дека денеска, поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија привремено ќе останат корисници во неколку скопски општини.
Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат корисниците од улицата „Радишанска Лево“, односно првата уличка по трафостаницата Бел Камен 2, во општина Бутел.
Од 08:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат корисниците од улица 1, во околината на Кипер Маркет, како и дел од улица 5 во општина Петровец.
Во општина Студеничани, прекин е најавен од 08:30 до 14:00 часот за дел од селото Студеничани, поточно околината на бензинската пумпа Кувајт Петрол.
Во општина Карпош, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Партизанска 2“, „Ванчо Мицов“ и „Демир Трајко“.
Од ЕВН апелираат граѓаните да ги земат предвид најавените прекини и навремено да ги планираат своите активности.
