Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Драматично видео од нов украински напад на Сочи
    Свет

    Драматично видео од нов украински напад на Сочи

    10/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Украински поморски дрон ја нападна областа на пристаништето во рускиот црноморски град Сочи, при што се повредени осум лица, соопштија руските регионални власти. По ударот избувнал пожар на крајбрежјето, а оштетена е и инфраструктура во еден од најпознатите туристички центри во Русија.

    Сочи се наоѓа на околу 650 до 700 километри од украинската граница и во градот се наоѓа официјалната летна резиденција на рускиот претседател Владимир Путин. Градоначалникот Андреј Прошунин ги повика жителите да побараат засолниште и да останат смирени додека трае опасноста.

    Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат силна експлозија во близина на крајбрежното шеталиште, по која се слуша и пукање. Според рускиот опозициски канал „Астра“, нападот предизвикал прекин на концертот на руската пејачка Татјана Буланова, а посетителите биле евакуирани. Експлозијата, според истиот извор, се случила во близина на ресторан кој бил делумно уништен.

    Ова е нов напад врз Сочи за помалку од една недела, откако украинските сили претходно изведоа неколку бранови напади врз областа. Во претходниот напад украински поморски дрон, според извештаите, оштетил руско пловило, а пожар избувнал и во нафтен терминал во близина на градот.

    Сочи, кој беше домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година, е едно од најпознатите летни и зимски одморалишта на руската политичка и економска елита. Нападот доаѓа и по украинските удари врз Новоросијск, каде цел беа руската поморска и инфраструктурата поврзана со извозот на нафта.
    Во текот на војната и Украина и Русија повеќепати ги напаѓаа пристаништата и другата стратешка инфраструктура на противничката страна.

    Sochi, Russia, on the Black Sea coast in Krasnodar Krai, is currently under attack by Ukrainian kamikaze USVs.

    Local footage captured the explosion of one of the naval drones near the city’s waterfront. pic.twitter.com/UYtovyOlEv

    — Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) September 9, 2026

    Поврзани вести:

    Грчки остров ќе дава по 3.000 евра за секое новородено дете за да го спречи демографскиот пад

    Грчки остров ќе дава по 3.000 евра за секое новородено дете за да го спречи демографскиот пад

    Авионот на Зеленски за малку ќе беше погоден од дрон, објави Стере

    Авионот на Зеленски за малку ќе беше погоден од дрон, објави Стере

    Видео од нов американски напад врз брз брод во Карипското Море, има тројца загинати

    Видео од нов американски напад врз брз брод во Карипското Море, има тројца загинати

    Пожар на траект на Филипините: Најмалку петмина загинати, по 86 лица сè уште се трага

    Пожар на траект на Филипините: Најмалку петмина загинати, по 86 лица сè уште се трага

    Блиските соработници го предупредиле Трамп дека војната со Иран може да трае до крајот на мандатот

    Блиските соработници го предупредиле Трамп дека војната со Иран може да трае до крајот на мандатот

    Силно невреме ја погоди Словенија, бурата се префрли и во Хрватска

    Силно невреме ја погоди Словенија, бурата се префрли и во Хрватска

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Грчки остров ќе дава по 3.000 евра за секое новородено дете за да го спречи демографскиот пад

    10/09/2026

    Авионот на Зеленски за малку ќе беше погоден од дрон, објави Стере

    10/09/2026

    Видео од нов американски напад врз брз брод во Карипското Море, има тројца загинати

    10/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.