Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски: Ако талогот стане елита, вистинската елита ќе си замине од државата
    Политика

    Мицкоски: Ако талогот стане елита, вистинската елита ќе си замине од државата

    09/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски повторно се осврна на својата изјава за „талогот“ и „елитата“, откако СДСМ реагираше на неговите зборови, посочувајќи дека опозициската партија сама се препознала во пораката.

    „Жалам што СДСМ се препознава во талогот, но јас многу јасно кажав дека талогот не смее да ја победи елитата. Ако талогот ја победи елитата и стане елита, тогаш вистинската елита ќе ја напушти државата, а тоа не е добро“, изјави Мицкоски.

    Тој нагласи дека од СДСМ, според него, постојано слуша навреди, обвинувања и невистини, но никогаш не се пожалил поради таквиот политички однос.

    „Без исклучок, сè е лага. Ниту еднаш не сум излегол пред јавноста да плачам, да се жалам или да барам сожалување од граѓаните“, рече премиерот.

    Мицкоски истакна дека јавните функционери мора да бидат подготвени да се соочат и со, како што рече, лажни и клеветнички кампањи, но наместо да се фокусираат на нив, треба да работат и да испорачуваат резултати.

    „Ние сме јавни личности и наша обврска е да ги засукаме ракавите и да го испорачаме она што им е потребно на граѓаните. Тие нека останат во нивното политичко мочуриште, а ние ќе продолжиме да работиме и да испорачуваме резултати“, порача Мицкоски.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче сами се препознаа во зборовите на Мицкоски

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче сами се препознаа во зборовите на Мицкоски

    СДСМ бара проширување на истрагата за случајот со возачот на Јанушев

    СДСМ бара проширување на истрагата за случајот со возачот на Јанушев

    Левица обвинува за партизација на Државната второстепена комисија

    Левица обвинува за партизација на Државната второстепена комисија

    Собраниската комисија ќе ги разгледува предлог-законите и нивната усогласеност

    Собраниската комисија ќе ги разгледува предлог-законите и нивната усогласеност

    Мицкоски денеска во Штип: Посета на „Алказар Енерџи“ и отворање на спортската сала „Џексон“

    Мицкоски денеска во Штип: Посета на „Алказар Енерџи“ и отворање на спортската сала „Џексон“

    Централна прослава пред Владата: Мицкоски порача дека Македонија мора да направи чекор од опстанок кон успех

    Централна прослава пред Владата: Мицкоски порача дека Македонија мора да направи чекор од опстанок кон успех

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче сами се препознаа во зборовите на Мицкоски

    09/09/2026

    СДСМ бара проширување на истрагата за случајот со возачот на Јанушев

    09/09/2026

    Левица обвинува за партизација на Државната второстепена комисија

    09/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.