Градот Скопје денеска ќе спроведе терестрична дезинсекција против ларви од комарци на повеќе водни површини во главниот град.
Од Град Скопје информираат дека активноста е дел од редовните мерки за контрола и намалување на популацијата на комарци, со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и спречување на нивното прекумерно размножување.
Дезинсекцијата ќе се реализира на повеќе локации каде што постојат услови за појава и развој на ларви од комарци.
Доколку временските услови не дозволат спроведување на активностите, прскањето ќе биде одложено и ќе се реализира во првиот нареден ден со поволни услови.
Градските власти ги повикуваат пчеларите навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата.
