Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Штип, каде што ќе ја посети компанијата „Алказар Енерџи“ во Општина Штип.
Во рамки на посетата, премиерот ќе има обраќање пред присутните, при што се очекува да бидат презентирани информации за работата, развојните планови и инвестициите на компанијата.
Во 11:00 часот, Мицкоски ќе присуствува и на свеченото пуштање во употреба на новата спортска сала „Џексон“ во Штип.
По отворањето на спортскиот објект, премиерот ќе даде изјава за медиумите.
Работната посета на Штип е дел од владините активности насочени кон поддршка на инвестициите, развојот на локалната економија и унапредувањето на спортската инфраструктура во државата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
