Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Модернизираниот Охридски аеродром пуштен во употреба, инвестицијата изнесува 2,7 милиони евра
    Економија

    Модернизираниот Охридски аеродром пуштен во употреба, инвестицијата изнесува 2,7 милиони евра

    08/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Модернизираниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска официјално е пуштен во употреба по реконструкцијата вредна 2,7 милиони евра. Со инвестицијата на ТАВ Македонија е реконструиран патничкиот терминал, чек-ин просторот е проширен за дополнителни 100 квадратни метри, а бројот на шалтери е зголемен од шест на осум.

    Проширени се и зоните за безбедносна и пасошка контрола, просторот кај гејтовите и делот за подигање багаж, а воведени се нова опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците.
    Административната зграда е проширена од 290 на 746 квадратни метри, со нови простории за ТАВ Македонија, Граничната полиција и Царината, како и ресторан и паркинг за вработените.

    На свеченото пуштање во употреба присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и извршниот директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан.

    Министерот Николоски оцени дека со реконструкцијата Охрид добива практично нов аеродром, со значително подобри услови и поквалитетно искуство за патниците. Тој посочи дека последните поголеми интервенции на аеродромот биле направени пред повеќе од пет децении, а дополнителен импулс за неговиот развој треба да даде и автопатот Охрид-Кичево.

    Според Николоски, само во првите шест месеци од годинава преку Охридскиот аеродром поминале повеќе од 240.000 патници, додека двата македонски аеродрома годинава се очекува да се приближат до четири милиони патници.
    Обновениот терминал доби и препознатливи охридски културни обележја, меѓу кои реплики на мозаици од Варош и Плаошник и на фрески од катедралната црква „Света Софија“.
    Николоски рече дека на тој начин аеродромот станува и своевиден мал музеј кој пред патниците го претставува културното богатство на Охридскиот регион.

    Премиерот Мицкоски оцени дека Охридскиот аеродром со модернизацијата добива поинакво светло и изрази уверување дека во иднина континуирано ќе растат и бројот на патници и бројот на авиокомпании што ќе ги користат неговите услуги.
    Тој порача дека аеродромот „Св. Апостол Павле“ претставува значајна алка за развојот на Охрид и на целиот регион.

    Поврзани вести:

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    26/10/2026

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    26/10/2026

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026
    Додади Коментар

    Коментарите се затворени.



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.