Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Нов корупциски скандал во Украина: Главниот обвинител Кравченко поднесе оставка
    Свет

    Нов корупциски скандал во Украина: Главниот обвинител Кравченко поднесе оставка

    08/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко, поднесе оставка по обвинувањата за корупција поврзани со заштита на нелегални телефонски центри и перење пари. Оставката следува откако украинските антикорупциски истражители викендов извршиле претрес во неговите канцеларии и соопштиле дека откриле криминална шема во која бил вмешан функционер од обвинителството.

    Според Националното биро за борба против корупцијата – НАБУ и Специјализираното антикорупциско обвинителство – САПО, мрежата примала пари за да ги заштитува центрите кои вршеле телефонски измами и испрала милиони. Истражителите тврдат дека дел од парите биле користени за купување недвижности, накит и други вредни предмети.

    Кравченко ги отфрли обвинувањата како неосновани и порача дека не сака функцијата главен обвинител да биде користена како алатка за политички пресметки. Тој при поднесувањето на оставката им се заблагодари на претседателот Володимир Зеленски и на украинскиот парламент за довербата, додека Зеленски засега јавно не ја коментираше неговата одлука.

    Новиот случај повторно го отвора прашањето за корупцијата во Украина, особено откако минатата година имаше протести и критики од западните партнери поради обидите да се ограничи независноста на НАБУ и САПО.
    Борбата против корупцијата е еден од клучните услови на патот на Украина кон членство во Европската Унија, а во последниот период неколку случаи ги опфатија и функционери блиски до претседателската администрација.

    Поврзани вести:

    Видео од нападот на јеменските Хути врз Саудиска Арабија, има повредени

    Видео од нападот на јеменските Хути врз Саудиска Арабија, има повредени

    Во Австрија стапи во сила забраната за носење хиџаб за ученички под 14 години

    Во Австрија стапи во сила забраната за носење хиџаб за ученички под 14 години

    Русија го нападна Киев со балистички ракети по заминувањето на американските преговарачи

    Русија го нападна Киев со балистички ракети по заминувањето на американските преговарачи

    Најмалку 12 загинати во нови израелски напади врз јужен Либан

    Најмалку 12 загинати во нови израелски напади врз јужен Либан

    Два руски ловци Су-35С се судрија над Курската област, еден пилот загина

    Два руски ловци Су-35С се судрија над Курската област, еден пилот загина

    Фон дер Лајен: Гренланд мора да остане со Европа, а не во САД

    Фон дер Лајен: Гренланд мора да остане со Европа, а не во САД

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Видео од нападот на јеменските Хути врз Саудиска Арабија, има повредени

    08/09/2026

    Во Австрија стапи во сила забраната за носење хиџаб за ученички под 14 години

    08/09/2026

    Русија го нападна Киев со балистички ракети по заминувањето на американските преговарачи

    08/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.