Меѓународниот аеродром „Сукарно-Хата“ во Џакарта ја продолжи забраната за летови до недела во 9:30 часот по локално време поради вулканска пепел од ерупцијата на Анак Кракатау. Прекинот на авиосообраќајот првично требало да трае до 5:30 часот, а според индонезиското Министерство за транспорт, одложени се најмалку 33 летови, меѓу кои и неколку меѓународни.
Вулканот Анак Кракатау е активен веќе неколку дена, а вулканска пепел била забележана на подрачјето на аеродромот рано во неделата. Надлежните служби ја следат ерупцијата и нејзиното влијание врз безбедноста на воздушниот сообраќај.
Индонезиската агенција за справување со катастрофи соопшти дека засега не постои непосредна опасност од цунами предизвикано од активноста на вулканот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
