Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер патуваат во странство во обид да постигнат мировен договор меѓу Русија и Украина. Тoj рече дека Вашингтон има конкретна идеја за мир, но не откри детали за предлогот, оценувајќи дека постои добра шанса мисијата да даде резултат.
Според претходно објавените информации, Виткоф и Кушнер најпрво треба да отпатуваат во Москва, а потоа и во Киев, иако нивниот распоред во изминатите денови се менувал.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека двајцата американски претставници во недела се очекува да пристигнат во Украина по посетата на Москва. Тој најави дека Украина нема да изведува воздушни напади врз Русија додека американските претставници престојуваат во Москва.
Зеленски побара Москва да возврати со иста мерка и да не изведува напади врз Украина додека Виткоф и Кушнер престојуваат во Киев.
Според Зеленски, ваквиот прекин на нападите треба да трае онолку колку што е потребно за одржување на разговорите.
Новата американска дипломатска мисија е дел од обидите на администрацијата на Трамп да посредува во постигнување договор за прекин на војната меѓу Русија и Украина.
