Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»ОУ „Братство“ добива нова спортска сала, изградбата ќе трае три месеци
    Скопје

    ОУ „Братство“ добива нова спортска сала, изградбата ќе трае три месеци

    04/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното училиште „Братство“ во населбата Тафталиџе 2 ќе добие нова современа спортска сала, чија изградба официјално започна со поставување камен-темелник. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и претставници на Општина Карпош, кои извршија увид и во градежните работи за реконструкција на улицата „Софиска“.

    Новата спортска сала ќе се простира на површина од 1.400 квадратни метри и ќе располага со трибини со капацитет за 410 посетители. Освен за потребите на наставата по физичко образование, објектот ќе ги исполнува условите за организирање домашни и меѓународни спортски натпревари, како и спортско-културни манифестации.

    Според најавите, изградбата на салата треба да биде завршена во рок од три месеци.

    Премиерот Мицкоски истакна дека двата проекта – изградбата на спортската сала и реконструкцијата на улицата „Софиска“ – ќе придонесат за подобри услови за живот на жителите и учениците.

    „Кога ќе биде изградена салата, учениците ќе имаат подобри услови за спортување, дружење и развивање на спортскиот дух, што ќе придонесе за нивниот правилен развој“, изјави Мицкоски.

    Министерката Весна Јаневска нагласи дека салата ќе биде мултифункционален објект, кој покрај училиштето ќе може да се користи и за спортски натпревари, културни настани и други јавни активности.

    Таа информираше дека Владата во моментов реализира околу 70 проекти во образованието, чија вкупна вредност изнесува речиси 90 милиони евра.

    „Заедно со општините спроведуваме голема градежна офанзива за подобрување на образовната инфраструктура и создавање подобри услови за учениците низ целата држава“, порача Јаневска.

    Поврзани вести:

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.