Околу 20.000 посетители биле дел од 17-тото издание на „Карпошово културно лето 2026“, кое се одржуваше од 20 до 30 август, информира Општина Карпош.
Под мотото „Карпош станува сцена“, во текот на десетте фестивалски дена културни и забавни настани се одржуваа на плоштади, во маала, училишни дворови и други јавни простори.
Програмата опфати концерти, филмски проекции, изложби, фолклор, детски и спортски активности наменети за различни генерации.
Од Општината оценуваат дека големата посетеност го потврдува интересот на граѓаните за културни содржини што се организираат во непосредна близина на нивните домови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
